Македонскиот пејач по смртта на музичарот: „Едвај собирам сила да запеам“
Македонскиот фолк-пејач Нино Величковски ќе одржи концерт по повод одбележување на 35 годишната кариера, но и ќе се збогува од најдбриот пријател кој му почина ден пред концертот. Скршен од болка тој кажа дека едвај собира сила поради загубата на Драго Миршојиќ, со кого вечерва требаше заедно да настапат на сцената.
„Ми почина еден од моите најдобри пријатели, тамбурашот Миршојиќ, со кого требеше вечер заедно да пееме и да го славиме јубилејот. За него е напишана песната ‘Свирете тамбури’ и познатиот стих ‘Тамбурата на Шојиќ’. И покрај големата болка, и јас и членовите од октетот „Куманово“, сепак, за нашата публика и за Драго, решивме вечерва да пееме, затоа што нашиот живот е музиката“, раскажа Нино за „Репортер“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа