Сарачини на министерска средба во Литванија
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за енергетика, во Вилнус, Литванија. Овој состанок е всушност подготовка за средбата на министрите од тој ресор во декември годинава.
На министерскиот состанок ќе се зборува за клучните приоритети во енергетиката за време на претседавањето на Литванија со Советот на Европската Унија, вклучително и комплетирањето на внатрешниот пазар за енергетика на ЕУ во 2014 година и зајакнување на надворешната димензија на енергетските политики на ЕУ.
Сарачини ќе учествува на втората сесија на која ќе се дискутира за регионални иницијативи и мрежи, како начин да се зајакне пазарот, имплементација на проекти од интерес на заедницата, интервенција на пазарот на електрична енергија, како и за сопствени енергетски извори на ЕУ.