Шилегов: Скопје нема да дозволи да се уништи Водно со изградбата на гасоводот

Не смее Скопје да го спречи гасифицирањето на другите градови во земјава, но Скопје нема да дозволи да се уништи Водно со изградбата на гасоводот , рече градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конфернеција во Владата која беше посветена на трасата на гасоводот која минува низ Водно.

Тој посчи дека Градот и Владата ја намалиле трасата на гасоводот за 4 километри, а нејзината ширина е намалена од 25 на 10 метри и дополнително ќе се заштити Водно со пошумување.

 

– Македонски енергетски ресурси ќе издвои повеќе од 43 милиони денари за пошумување на Водно, за пошумување на Водно се обезбедени и пари од Министерството за одбрана. Владата дава поддршка од еден милион евра за пошумување преку Министерството за животна средина за паркови и зеленило, како и заштита на парк шумата Водно и кањонот Матка. Ќе бидат поставени и филтри на оџаци на 5 јавни институции во Скопје – рече Шилегов.

Заменик министерот за екологија, Јани Макрадули, пак рече дека гасификацијата не значи дека Водно ќе биде дадено, туку ќе се подобри животната средина во Скопје со намалување за 23 отсто емисијата на јаглерод.

– Доколку ништо не промениме во Скопје за 31 отсто ќе се зголеми емитувањето на ПМ10 честитки, ако се преземе нешто над 70 отсто ќе се намали емитувањето на овие честички – рече Макрадули.

Министерот за транспорт и врски Сугарески рече дека се направени отстапки во проектот.

– МЕР изработи проект со кој се намалува сечата на дрвна маса на 400 метри кубни, трасата се намалува од 25 на 10 метри ширина. На Водно ќе се сечат 0,07 отсто од целокупната маса на дрва што е колку дневна потрошувачка од 1.400 кубни метри дрво. Со тоа заштедуваме дел од дрвната маза на Водно – рече Сугарески.

Директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи, пак, нагласи дека ќе се рекултивира површината од Водно каде што минува трасата, но, како што рече, секое одлагање на реализацијата ќе значи губење на пет години од гасификацијата.

– Со тоа во неповрат одат 20 милиони евра и она што е досега изградено -рече Реџепи.

Претставниците на Владата рекоа и дека сите промени што се направени на трасата на гасоводот на Водно се направени во соработка со граѓанскиот сектор.

Трасата за изградба на гасоводот преку Водно е проектирана во 2015 година, а дозволата за градба е дадена во 2016 година.

 

 

 

22.08.2018 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега