ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ испумпува пари од буџетот за фалење на штетниот Договор

Лицето на власта одамна го прочитаа граѓаните. Безцелно е Центарот за комуникации на СДСМ да пишува и праќа бледи соопштенија. Со своите стерилни соопштенија не можат да го прикријат криминалот на СДСМ и Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.

Владата на СДСМ секојдневно испумпува милиони евра од Буџетот наменети за фалење на штетниот договор и крати од суштински проекти за граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ откако е на власт единствено што стори е дефокусирање на јавноста од секојдневните криминали и криминалното владеење, наместените тендери кои што се случуваат во оваа држава и кои што се всушност пари на граѓаните.

СДСМ не е способен да ја води државата. Време е СДСМ да си замине од власт и граѓаните да одат напред. Македонија ќе победи!“ пишува во реакцијата на партијата.

 

 

 

22.08.2018 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега