Мајка отишла на разговор за работа, а детето го оставила во автомобилот - кога се вратила било доцна

Петгодишно момче почина поради загушување откако мајката го оставила во заклучен автомобил додека била на разговор за работа. Олесиа Јелетсикова отишла на разговор за работа близу Ступина, во Москва, поради што го оставила синот Олег Гусеб заклучен во автомобилот. Кога се вратила после два часа, момчето било мртво.

Како што е наведено, температурата била околу 24 степени, а несреќната мајка го оставила синот внатре врзан со заштитен појас, а пред заминување го заклучила автомобилот и ги затворила сите прозорци.

Откако сфатила што направила, таа почнала да вреска, после што добила неврен слом и завршила во болница.

Од полицијата велат дека против неа е покрената кривична пријава поради невнимание, а ако биде осудена може да се соочи со казна од две години затвор.

 

 

 

21.08.2018 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега