Јанушев: Се уште траат консултаците за референдумот

Точно е дека има разрешувања, но тие не се од политички туку од чисто организациски причини, вели Генералниот секртар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во интервју за Канал 5.

Во врска со референдумот Јанушев кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија којашто пред сѐ, делува во насока на заштита на македонските национални интереси и сака да го слушне ставот и мислењето на народот.

-Во овој период ги консултираме, ги прашуваме, сакаме од што е можно поголем број на граѓани да го слушнеме нивниот став во однос на ова, можеби најважно прашање во поновата македонска историја. Во тек се и консултации на внатрепартиските тела и органи и во оној момент кога како партија ќе процениме дека треба тој став, а како сублимат на сите овие претходни анализи и консултации ќе го оопштиме на македонската јавност, кажа Јанушев.

 

 

 

21.08.2018 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега