Честитка од Иванов: Само сплотени ќе изградиме успешна иднина за Македонија

 

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија.

 

Почитуван Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи,

 

Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви упатам честитки по повод празникот Курбан Бајрам.

 

Големите верски празници се мигови кога ги истакнуваме вредностите на заедништво и почит. Македонија е земја која има вековна традиција на соживот помеѓу различни верски заедници. Почитувајќи ги верските разлики, упатуваме силна порака на градење на соживот и меѓусебно разбирање, бидејќи само така, сплотени и единствени ќе успееме да изградиме посветла иднина за сите граѓани на Република Македонија.

 

Во духот на овие вредности, Ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир, а на сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам благосостојба и бериќет.

 

 

 

 

21.08.2018 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа