Вонредна временска најава за попладне

Температура до 37 степени и локална појава на краткотраен пороен дожд се очекува поладнево во западните и северните делови во државава.

Синоптичарите за следните денови прогнозираат дека ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а во сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места.

Позначителна промена на времето се очекува од недела кон крајот на денот и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер. 

 

 

 

21.08.2018 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега