Тинејџери се самоубија поради незавршени домашни задачи
Двајца кинески тинејџери си го одзедоа животот бидејќи не успеале да завршат домашна задача – акт направен од очај кој укажува под каков огромен притисок се наоѓаат децата во таа држава, објавува денеска кинескиот печат.
Во системот за образование каков што е кинескиот, учениците се во просек по 8,6 часа дневно во училиште и уште неколку часа учат дома.
Двата случаја на самоубиство се во Нанкин на исток во државата.
Според Чајна дејли, 15-годишно момче вчера се фрлило од зградата во кое живеело, додека другиот на возраст од 13 години се обесил ноќеска во својот дом заради тоа што не успеале за време на првомајските празници да ги завршат сите домашни задачи.
Според студија од 2007 година, учениците неретко минуваат и по 12 часа во школо. Според ОН, 99 отсто од децата во Кина се опфатени со обврзно школување, но системот е често критикуван од страна на родителите поради претераното учење „напамет“, преостра селекција и ригидност на образовните методи.