Автомобил излета од пат во Македонија: Возачот почина на лице место

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила во 13.50 часот на патот Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле, потврдија од МВР за МИА.

Според првичните информации автомобилот излетал од патот и удрил во бетонски столб.

Полицијата врши увид на местото на несреќата. 

 

 

 

18.08.2018 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега