Елена Ристеска си ја отвори душата за смртта на Влатко Илиевски

Нашата македонска музичка ѕвезда, Елена Ристеска деновиве летува на Миконос, а за порталот Независен.мк прозборе за смртта на Тоше и Влатко Илиевски.

- Од колегите изгубивме прерано премногу од нив, со оглед на тоа што сме малобројни на сцената. Ама ова со Влатче беше ужасно шокантно. Последните негови контакти со нас создаваат дополнителна болка поради неговата загуба. Ова треба да нè научи сите да се цениме додека сме живи. Откако ќе се преселиме на друг свет, веќе е предоцна за сè. Влатче беше обожавано дете, од сите, и затоа после многу несоодветни коментари, едно треба да знаеме, ние како колеги секогаш си помагаме, дуети, соработки, подарување песни итн., но најголемата помош за сите нас се очекува од публиката, да се слуша македонска музика, да се посетуваат концертите, да се купуваат албумите. Ако сами не си го цениме своето, никој нема никогаш да нè цени, вели Елена за Независен.мк.

 

 

 

 

18.08.2018 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега