Циклонот Глорија не се повлече - детална временска прогноза

Иако висинскиот циклон Глорија ослабна сепак на времето кај нас ќе влијае и понатаму, стои во временската на Славчо Поповски.

Овој викенд времето во државава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

Ваквата појава особено е можна на планинските места но и во оние населени места кој се во близина на планините.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

 

 

 

 

18.08.2018 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега