Наставниците и професорите не зеле јулска плата: "Зар во земја која сака во ЕУ да молиме за чесно заработени пари"

Независниот синдикат за образование денеска на прес-конференција се пожали дека доцнат платите во образовниот сектор.

- „Денеска е 18 август, а вработените во образованието сѐ уште немаат земено плата. Во понеделник е 20 август и прашање е дали на тој датум ќе ја добиеме платата. Во законот за работен однос јасно и недвосмилено стои дека крајниот рок за исплаќање на плата е најдоцна до петнаесетти во месецот, но за жал законската регулатива не е доследно испочитувана во образованието“, изјави претседателот на Синдикатот, Томислав Гиевски.

Независниот синдикат бара од Министерството за образование и наука и општините да одговорат зошто се деградираат работниците во образовниот сектор. 

- „Непристојно е за земја која има претензии да стане членка на Европската Унија, работниците да молат да ја добијат нивната чесно заработена плата“, рече Гиевски.

 

 

 

 

18.08.2018 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега