Викенд временска најава - што не чека по страшното невреме

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во планинските подрачја облачноста наместа ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15 степени, а дневната ќе достигне до 35 степени. 

Во недела и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. 
 

 

 

18.08.2018 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега