Македонците ги спакуваа куферите: Вечерва врие на „Богородица“ и „Табановце"

Сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, од 18:45 часот е норманилиран. Одвивањето на сообраќајот на државните патишта е по претежно суви коловози.

Како што соопшти АМСМ,  интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин „Богородица“ каде задржувањето е околу половина час, и на граничниот премин „Табановце“ каде задржувањето е околу еден час.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

 

 

 

17.08.2018 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега