Судир меѓу три возила на патот Гостивар-Тетово

На автопатот Гостивар-Тетово вчера во 17 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Тојота“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Т.И. од Гостивар, патничко возило „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Џ.Ј. од село Чегране, гостиварско и патничко возило „Матиз“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Р.А. од Куманово. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Тојота“, додека сопатникот Т.М. од истото возило се здобил со телесни повреди. Тие со возило на итна медицинска помош биле пренесени во медицински центар Гостивар каде им била укажана лекарска помош.

 Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. 

 

 

 

 

17.08.2018 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега