Министерот за дијаспора од Ростуше ги повика печалбарите да гласаат на референдумот

Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми на Печалбарската средба што се одржа во Ростуше нагласи дека големиот број на печалбари во општина Маврово-Ростуше даваат голем продонес во развојот на оваа рурална општина, пренесува Макфакс .

„Во последно време расте и бројот на печалбарите кои инвестираат во родниот крај. Владата на Македонија дава силна подршка на сите оние печалбари кои ќе инвестираат во својата татковина “, рече Адеми.

Тој ги повика сите печалбари да дадат свој прилог со своето учество на референдумот кој ке се одржи на 3о септември.

„Ние имаме вредна дијаспора која е свесна за големото значење на референдумот и иднината на Македонија“, рече Адеми.

Преставниците на здруженијата на печалбарите од оваа општина во Италија, Германија и другите земји на ЕУ, најавија учество на референдумот.

Според неофицјални податоци, над 65 насто од населението на Општината Маврово-Ростуше е на печалба, во земјите на ЕУ.

 

 
 

 

 

17.08.2018 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега