Нападната екипа на ЕВН при обид за исклучување на нелегални корисници

Во населбата „Стара циглана“ во Ресен било констатирано масовно нелегално користење на електрична енергија, односно цела населба на диво приклучени корисници. Моментално има 25-26 диво приклучени домаќинства, кои воопшто не се регистрирани во дистрибутивниот систем, велат од ЕВН.

-По пријава во МВР, екипите на ЕВН Електродистрибуција заедно со инспектори од МВР излегоа на терен за да се констатира неовластеното превземање на електрична енергија. Истите наидоа на вербален и физички напад од страна на жителите на населбата, по што екипите на ЕВН Електродистрибуција од безбедносни причини беа принудени да го напуштат теренот. За случајот е запознаен и градоначалникот на општина Ресен. – информира ЕВН.

Моментално е исклучена трафостаницата која го снабдува поголемиот дел од населбата со електрична енергија и се уште нема услови за надминување на проблемот, појаснуваат од ЕВН.

 

 

 

17.08.2018 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега