Циклон Глорија над Македонија: Метеоролозите соопштијa што не чека викендов

Од денеска, па за време на овој викенд поради продор на потопол воздух од југ повторно температурите на воздухот ќе бележат тенденција на покачување и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.

Циклонот Глорија ќе ослабе по интензитет па така атмосферата ќе биде нешто постабилна, но сепак во попладневните часови особено на планинските места но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи и тоа особено денес (петок) и на северозапад.

Во недела попладне и навечер локално ќе има нестабилност проследена со дож и грмежи.

УВ индексот ќе има умерено висока до висока вредност и ќе има коефициент од 6 до 8.

За време на овој викенд ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

 

 

 

 

17.08.2018 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега