МВР ги обновува и подобрува условите за работа во повеќе свои објекти

 Министерството за внатрешни работи изминатата година, со цел подобрување на условите за работа на вработените, изврши  реконструкција и обновување на ресурсите за работа во Управните служби во Куманово, Полициското одделение во Јегуновце, Полициската станица во Ѓорче Петров, Железничкот граничен премин во Гевгелија и Полициската станица од општа надележност во Струга. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека и годинава продолжуваат со реализација на зацртаните градежни активности за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството.

- По пат на отвoрена постапка  со критериум за доделување на договор најниска цена  склучен е  договорот за јавна набавка „Услуги за тековно одржување на објекти на МВР, УБК, ЦПС, БЈБ и гранична полиција на цела територија на Република Македонија со изведба на градежни, градежно- занатски, занатски, инсталатерски и други работи“. По склучување на договорот веќе се започнати градежни активности во неколку секторите за внатрешни работи ширум земјава и тоа во: СВР Битола, СВР Велес, ПО Галате, ПО Зајас, ПС Кичево, ПС Драчево, Касарна Ѓорче Петров- ЕБР, МТВ управни служби, Ценарот за обука Идризово и СВР Скопје, информираат од МВР.

 

 

 

17.08.2018 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега