Јанкулоска и Јанакиески велат дека се жртви на прислушувањето

Обвинетите поранешни министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески на вчерашното судење за предметот на Специјалното обвнителство „Титаник“ му рекоа на судијата Осман Шабани дека им биле нарушени човековите права со тоа што со години биле незаконски прислушувани.

Не можеме да бидеме осудени врз основа на материјали што произлегуваат од грубо кршење на нашите човекови права, порачаа поранешните функционери.

 

„Да се утврди автентичноста на прислушуваните разговори пред да бидат репродуцирани во судница зашто и на мене и на Миле грубо ни се прекршени човековите права. Би биле доведени во ситуација судот да донесе неправилна одлука од нешто што произлегува од најгрубо кршење на човековите права, со тоа што биле прислушувани нашите разговори со години без судска наредба“, рече Јанкулоска.

 

 

 

17.08.2018 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега