Милошоски: Во моментов Кирацоски ги прави списоците за 500 вработувања

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Твитер профил напиша дека во моментов во СДСМ се подготуваат списоци за објавените огласи за 500 вработувња во државни институции.

„Според членови на СДСМ во моментов се прават списоците за објавените огласи за околу 500 вработувања во државни установи. Листите за вработување ги прави Кирацоски; огласите ќе бидат про-форма; однапред ќе се знае кој ќе биде вработен, но ќе се објави по референдумот, напиша Милошоски на Твитер и објави текстуални пораки со кои ја поткрепува информацијата.

 

 

 

17.08.2018 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега