Исповед: Роман Полански ме силуваше во куќата на Џек Николсон

Саманта Гејмер кога имала 13 години била силувана од Роман Полански. Таа сега има 50 години и ја објави книгата „Девојче: Живот поминат во сенка на Роман Полански“ која го опишува денот кога се случил тој хорор во далечната 1977 година.

Во книгата Гејмер опишува како Полански ја опил и издрогирал по што ја силувал во домот на Џек Николсон. Потоа ја опоменал да не и кажува на мајка и. Таа го опишува стравот од Полански но и ужасот кој уследил откако го пријавила случајот - пренесе Франс прес.

 - Некако тоа што се случи, колку и да беше лошо, не беше ни приближно на она што следи. Налетав на двоглаво чудовиште наречено калифорнијски правосуден систем и корумпирани играчи чија желба за публицитет ја надмина желбата да се изврши правдата - вели таа и додава - мојот злостор беше што ме силувала холивудска ѕвезда

Таа веќе му простила и повеќе не сака да ја нарекуваат жртва, книгата ја објавила бидејќи сите пишувале за овој настан, но не од неа.

Роман Полански за овој случај беше осуден по 6 точки вклучувајќи ги педофилија и содомија

18.09.2013 - 16:28

најчитано сега