После рушењето на мостот, следува нова катастрофа:„Жал ми е што морам ова да го соопштам“

Властите на Италија денеска соопштиле дека повеќе од 630 луѓе би можело да останат без кров над глава, после рушењето на мостот во Џенова, бидејќи околните блокови мора да се рушат.

Станбените згради во околните места на трагедијата се веќе евакуирани, бидејќи постои ризик од понатамошно рушење, а на станарите не им е дозволено дури ниту да се вратат по своите работи, лекови или да ги нахранат домашните миленици.

Министерот за транспорт и инфраструкторура, Данило Тонинели, изразил жалење што мора да соопшти ваква информација на својот профил и кажал дека за станарите ќе биде најдено сместување, но дека на крајот нивните станови ќе мора да се срушат.

-Реконструкцијата би требало да почне што побрзо - рекол Тонинели. Надвозникот кој се сруши беше врска меѓу два главни автопати, еден кој води кон Франција, а руг кон Милано.

 

 

 

16.08.2018 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега