Се урна зграда во Нови Сад - станарите во паника спасувале жива глава

Ѕид на зграда се урна, откако инвеститор на соседната парцела копал темели за изградба на друг објект.

Жителите од зграда во Нови Сад панично се спасувале за да не им се урне целиот објект , откако инвеститор ги поткопал темелите , градејќи друг објект веднаш до нивниот.

Станарите се сместени во хотел , на сметка на градската управа на Нови Сад. Полицијата и инспекцијата се на самото место за да ги утврдат причините за уривањето на надворешниот ѕид на зградата.

Инвеститорот , кој ги поткопал темелите немал дозвола за градба , а требало да изгради зграда со 29 станови. Од таму тврдат дека на оштетените граѓани им понудиле превоз и времено сместување , како и дека ангажирале агенција за недвижности за да им најде трајно сместување на станарите на урнатата зграда.

Среќа во несреќа е дека ниеден од станарите не е повреден, иако делови од ѕидовите паѓале и врз детски креветчиња.

 

 

 

16.08.2018 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега