Следете во живо:Се бараат исчезнати лица и жртви на срушениот мост во Џенова

Регионалниот јавен обвинител на Џенова, Франческо Коци денеска соопшти дека 20 лица и натаму се водат како исчезнати по уривањето на надвозникот во близина на овој град во северозападна Италија во вторникот.

– Се уште не е јасна судбината на речиси 20 лица, изјави Коци на прес-конференција во Џенова.

Ова е првпат од несреќата, италијанските власти да соопштат официјална бројка на исчезнати лица.

Во меѓу време италијанската полиција, го корегираше смртниот биланс при несреќата, соопштувајќи на бројот на загинати не изнесува 39, туку 38 лица.

Трет ден по несреќата, спасувачките тимови и денеска продолуваат со потрага по исчезантите под урнатините од надвозникот.

Во моментов во Џенова се расчучстуваат урнатините од мостот и се бараат исчезнатите лица чија состојба се уште не е позната.

Италијанска „La Reppublica“ со видео во живо од местото на настанот прикажува како течат моментално работите на терен.

 

 

 

16.08.2018 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега