Шестчлено семејство од Скопје остана без дом - гром им ја изгоре куќата

Во вторникот, при силното невреме во Скопје, гром удри во куќата на Божин Вељановски и целосно ја изгоре.Божин е татко на четири деца, а по пожарот заедно со сопругата спијат кај роднини и бараат начини и материјал за да си обезбедат кров над главата, објави Макфакс.

„Кога дојдов, ја видов мојата куќа како гори. Немаше пристап да се дојде до неа. Не ни остана буквално ништо, само рушевина. Немам ништо, од алишта имам само ова што е на мене. Моите деца се школуваат во Скопје кај татко ми и брат ми, јас и сопругата живеевме во оваа куќа. Не знам дали може да се санира. Имав детска соба, спална, кујна, дневна, трпезарија. Сега – ништо. Не знам како понатаму“, вели Вељановски за Макфакс.

После пожарот од куќата останале само столбовите кои не се стабилни. Вељановски вели дека не знае што ќе прави, а очекува помош од фирми и хумани граѓани. Тој не сака пари, туку градежен материјал за одновно да изгради дел од куќата каде што ќе живее со сопругата. 

„Децата и жена ми избегнуваат да доаѓаат тука. Тие се под стрес. Тоа е ужасна слика. Најголема среќа е што никој од нас не беше дома. Му благодарам на Господ што нема жртви. Можеше да нè затекне на спиење, да изгориме живи внатре. Почнуваме од нула. Немам ништо“, додава Вељановски. Божин Вељановски заедно со сопругата живее кај својот брат, а децата кај татко му.

 

 

 

16.08.2018 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега