ФОТО: Политичарот се соблече целосно гол во знак на протест

Свеин Ингвалд Опдал, 71-годишниот локален политичар од Норвешка, минатата недела се соблече целосно гол во знак на простест, поради големите крузери кои пловат покрај неговиот дом.

Фотографијата ја објавил на својот Инстаграм профил, а како што вели, истата настанала спонтано.

„Во средата стигнавме во Олден и веднаш налетавме на три огромни крузери. Веднаш сфативме дека со нив стигнале 11.000 луѓе, а од крузерите генерално не сме воодушевени“, рекол Опдал.

Во знак на протест застанал на својата тераса како од мајка роден и покажал што мисли за нив.

Сопругата ја замолил да го фотографира, па истата ја објавил на Инстаграм, со опис „Протестирам“.

 

 

 

14.08.2018 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега