Од денеска започнува Богородичниот пост - ставете го ова во храната за благослов
Богородичниот пост трае од 14 до 28 август. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Поради големото почитување кон Пресвета Богородица верниците овој пост го постат како и Големиот пост.
Тоа значи дека сите денови се постат на вода, освен сабота и недела, кога е дозволено да се користи зејтин и вино, а за празникот Преображение, кој паѓа во време на овој пост, се јаде и риба.
Важно е да се знае дека ако Голема Богородица падне во среда и петок, тој ден не се мрси, туку се јаде риба, вино и зејтин.
Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение, кога во црквите се дели на народот.
Според народните верувања, денеска денот се врзува со вода и босилек за кој се верува дека е божја билка. Затоа обичајот наложува денеска во јадењето да се стави малку од оваа билка и да се послужат домашните, за Пресвета Богородица да ве заштити од зло.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа