ВИДЕО: Маж се обидува да киднапира девојче, а потоа следува жестока борба со мајката

Седумгодишното девојче се враќало со својата мајка од училиште во округот Нјеху на Тајван кога 33-годишен маж, идентификуван како оу се обидел да ја киднапира на улица.

Почнал да ја влече за чанатата, а нејзината мајка со надприродна сила, борејќи се како лавица ја истргала својата ќерка од рацете на киднаперот.

На снимката која ја објавила полицијата се гледа како оу чека пред ресторанот, а пота се обидува да го земе детето.

Борбата со мајката траела неколку моменти, а потоа на мајката во помош и дошле вработените и гостите од ресторанот, кои го натерале напаѓачот да го пушти девојчето.

После тоа тој избегал, но полицијата му влегла во траг и го уапсила.

Мајката раскажала дека напаѓачот дури се обидел да ја задави нејзината ќерка. Истрагата е во тек, а напаѓачот е испратен на медицинска проценка да се утврди дали е ментално здрав.

 

 

 

13.08.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега