За две години „Марлборо“ ќе се произведува и во Македонија

Генералниот директор на Тутунски комбинат-Прилеп, Александар Дерменџиев информира дека претставници на „Филип Морис“ започнале да ja разгледуваат состојбата на Koмбинатот. 

Дерменџиев се надева дека нивното десетгодишно стратешко партнерство ќе помогне Тутунски комбинат да излезе од долгогодишната лоша економска состојба. Комбинатот, кој е во државна сопственост секоја година работи со загуби. Но тој очекува веќе во 2015 година да започнат со профитабилно работење. Меѓу другото,тој за 2015 година го најави и првото „Марлборо“ произведено во комбинатот.

„Филип Морис“ како компанија е присутна и во соседството. Таа пред десет години ја купи тутунската индустрија НИШ во Србија.

18.09.2013 - 13:24

најчитано сега