Северина го тужи кралот на бакарот

Хрватската пејачка Северина поднесе кривична пријава за „повреда на слободата во допишувањето“.

Оваа пријава против Милан Поповиќ е само нов детал во спорот кој го водат Северина и тој околу нивниот син, пишува весникот "Blic". Иако Милан ја повлече тужбата против пејачката, таа сега против него води два спора.

Адвокатот на Милан, Љубо Павасовиќ, вели дека неговиот клиент не бара ништо што не е вообичаено и што му припаѓа според законот.

"Тој бара да го поминува секој втор викенд со детето, едно попладне во текот на неделата и половина од распустот или празникот", вели адвокатот Павасовиќ

Северина бара Поповиќ да го гледа детето исклучиво во нејзиниот стан, бидејќи "така е подобро за детето".

Медиумите пишуваат дека Северина се плаши дека Милан би можел да го киднапира детето.

18.09.2013 - 12:55

најчитано сега