ФОТО: Познат рапер се испофали дека на облог добил половина килограм марихуана

Раперот Снуп Дог се пофалил на Инстаграм дека добил половина килограм марихуана на облог.

Познатиот рапер се обложил за боксерскиот меч на Флојд Мериветер против Канело Алварез. 

- Фала на шампионот бидејќи заради него освоив половина килограм марихуана од својот мексикански пријател Луи. Најдобри се и во тоа име ќе запалам еден, напишал Снуп под фотографијата.

Просечната цена на марихуаната која ја добил Снуп Дог чини околу 4.000 долари. Странскиот портал „ТЗМ“ пишува дека на "искусниот пушач" му се потребни околу четири месеци за да ја испуши марихуаната.

18.09.2013 - 12:28

најчитано сега