Ваков предлог не се одбива! - лежете 24 часа и заработете 5.000 долари

Додека беше актуелна понудата на тристичкиот портал CNTraveler, каде бараат некој што ќе патува низ светот и ќе заработува, НАСА излезе со подобар предлог.

Тие бараат луѓе што ќе лежат по 24 часа  и ќе ја испитуваат реакцијата на човекот на микрогравитација.

Платата за оваа работа е 5.000 долари месечно, ангажманот би траел околу 70 дена. Пријавените кандидати во лабораторијата на тексашкиот Универзитет „Галвстоун" ќе поминат 97 до 105 дена.

Од НАСА објаснуваат дека лежечката положба е многу слична на онаа во која се наоѓаат астронаутите во услови на намалена гравитација. Со ова истражување ќе се обидат да ги пронајдат вистинските мерки на претпазливост за долготрајно престојување во такви услови.

Меѓу другото на кандидатите ќе им бидат на располагање видеоигри, ТВ, книги, интернет, храна по желба, а ќе бидат дозволени и посети.

18.09.2013 - 12:06