Гостите се „развеселиле": Пукање на свадба во Тетово

Во 22.10 часот синоќа во Полициската станица Тетово било пријавено нарушување на јавен ред и мир со пукање од огнено оружје во населба Дреновец.

Полициски службеници извршиле проверка и констатирале дека било пукано на свадбена веселба во куќа сопственост на 47-годишниот М.Л.  во село Порој.

Тој изјавил дека некој од присутните гости испукал неколку истрели. На местото биле пронајдени четири чаури од пиштолска муниција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.   

 

 

 

07.08.2018 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега