Општина Центар ги санира ударните дупки

Општина Центар ги санира ударните дупки на улиците на нејзината територија, соопштија од Општината, наведувајќи дека акцијата е започната откако граѓаните го пријавиле проблемот. 

-  Санирани се дупките на улиците Димитрие Туцовиќ и Ленинова (Аминта 3-ти) во Дебар Маало, а иста е и ситуацијата со оштетувањата на улицата 50-та Дивизија на Водно, во близина на Клиничкиот Центар, посочија од Општина Центар. 

 

Велат, акцијата ќе се спроведува и во наредниот период на улиците Капиштец, Димитар Пандилов, Ѓуро Ѓоновиќ и улицата Караорман.

- Апелираме до жителите да пријават оштетувања, за да можат службите веднаш да интервенираат, наведоа од Општина Центар. 

 

 

 

 

07.08.2018 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега