Трамп и се закани на Европа и на целиот свет: Кој ќе тргува со Иран, нема да тргува со САД

Новите американски санкции против Иран се „најрестриктивни санкции што некогаш биле воведени против некого", напиша денеска на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.

„Во ноември тие ќе бидат засилени до нов степен. Секој што прави бизнис со Иран, НЕМА да прави бизнис со САД. Настојувам за МИР ВО СВЕТОТ, ништо помалку", напиша Трамп на Твитер, притоа акцентирајќи одредени делови преку користење големи букви. 

 

 

 

07.08.2018 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега