ОН: Тешко е да се најде и уништи хемиското оружје во Сирија
Аке Селстром од тимот на инспектори на ОН смета дека денеска е тешко да се пронајде и уништи сето сириско хемиско оружје, но сепак смета дека тоа е возможно.
Селстром додаде дека пронаоѓањето и уништувањето на сириското хемиско оружје е „возможно, но е и стресна работа“.
Тој како шеф на тимот на ОН смета дека многу зависи од тоа дали режимот на Башар Асад и опозицијата ќе сакаат да преговараат.
Селстром, шведски експерт за вооружување, рече дека неговиот тим заклучил, по посетата на Сирија, дека е употребен нервниот гас сарин во нападот во предградието на Дамаск на 21 август, кога повеќе стотици цивили загинаа.
18.09.2013 - 11:43