Шекеринска работно ќе ја прошета Холандија

 

Заменик-претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска денеска и утре работно ќе престојува во Холандија.

Според најавите, денеска Шекеринска ќе се сретне со претставници од Лабуристичката партија во Парламентот на Холандија, а потоа во Хаг ќе се сретне со пратениците Мајкл Серваес, претставник за надворешни работи и Марит Маиј, претставник за европски прашања во Холандскиот парламент.

Според информациите кои стигнале до македонското МНР, Шекеринска ќе има средби со Барбара Плечер од Одделот за човекови права и мултилатерални организации, со Адиен Велрусио од Одделот за евро-интеграции и со Рој Ханс, од Одделот за Европа при Министерството за надворешни работи. На средбите, соопштуваат од СДСМ, ќе се разговата за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и состојбите во ЕУ и регионот.

Заменик претседателот на СДСМ ќе учествува и на експертскиот состанок на кој ќе се разговара за процесот на проширување на ЕУ, реформите, владеењето на правото и демократизацијата во Македонија и Западен Балкан.

18.09.2013 - 11:56
Фото: 
а1Он

најчитано сега