Жителите се жалат на животот во туристичкото место: „Пијани и голи шетаат по плажи“

Секоја година во медиумите се појавуваат обвиненија од граѓаните за недолични однесувања на туристите, па така и оваа година истото.

Имено, во Дубровник, кој е омилена дестинација за многумина, граѓаните се жалат поради однесувањето на поедини гости, најчесто млади австралиски туристи во доцните ноќни часови.

„Тоа е неиздржливо. Скоро секоја вечер може да се сретнат луѓе како лежат по плочникот. Пред тоа урлаат низ градот, фрлаат пива, а жените шетаат полуголи“, велат граѓаните.

Велат дека Австралијанците се однесуваат како ќе им падне на памет и никој не ги опоменува и казнува. Лутите мештани велат и дека често среќаваат млади туристи како повраќаат по улиците и бараат од надлежните да преземат нешто во врска со ова.

 

 

 

07.08.2018 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега