Историски топлотен бран ја „пржи“ Европа - ќе биде уште полошо, а потоа пресврт

Топлотен бран кој ја зафати Европа донесе рекордни температури ширум континентот.

Особено топло е на Пиринејскиот остров, а како што јавуваат метеоролозите, во првата половина од оваа недела и понатаму се очекуваат високи температури.

И француските и британските медиуми пишуваат дека разладувањето е на пат и дека мора да се издржи уште два дена, бидејќи од среда ќе има мал пад на температурите.

Наведуваат дека такви временски услови може да се очекуваат доцна во вторник во Француја и Бенелукс, а од среда до петок во централна Европа.

Освен тоа, топлотниот бран во Источна Европа ќе донесе уште повисоки температури отколку во изминатите денови. Може да се очекуваат температури од 35 до 38 степени.

За среда се очекуваат екстремни температури во северна Германија,Данска и на југот од Шведска.

Се очекува развој на суперќелии кои може да донесат опасен град, силни ветрови, па дури и торнадо како оние кои неодамна ја погодија Виена.

 

 

 

06.08.2018 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега