103 политички субјекти ќе учествуваат на изборите во Косово

Централната изборна комисија заврши синоќа со регистрација на политички субјети за локалните избори во Косово на кои ќе учествуваат вкупно 103 политички субјекти.

Меѓу прифатените листи се и Граѓанска иницијатива Српска и Граѓанска иницијатива СДП-Оливер Ивановиќ.

Комисијата прифати и листи на Алијансата за иднина на Косово-Демократски сојуз на Дарданија, Демократска партија на Косово, Нова сила, СДП, Самостојна либерална партија и Движење Самооопределување.

 Со тоа комплетирана листата од 103 политички субјекти од кои 33 се политички партии, 52 граѓански иницијативи, 16 независни кандидати и две коалиции со вкупно 7.932 кандидати.

18.09.2013 - 11:16
Фото: 
Дојче Веле

најчитано сега