Македонец се најде на листата најбогати луѓе - знаете ли кој е македонскиот милионер?

Форбс состави листа на најбогати милионери на Балканот. На листата на американскиот магазин се најде и еден Македонец.

1. Прв по богатство на Балканот, според Форбс, е сопственикот на Агрокор, Ивица Тодоровиќ. Неговото богатство, објавува магазинот, е проценето на 581.8 милиони евра. Неговата компанија брои над 30.000 илјади вработени.

2. Зад Тодоровиќ се најде Санди Чешко од  Студио Модерна – Словенија. ТОј, по пат на директна продажба преку телевизија (топ-шоп), заработи богатство “тешко“  481.6 милиони евра. Чешко важо за скромен милионер кој нема секретарка, јахта и викендица.

 

3. На третото место од листата на „Форбс“ се најде сопственикот на холдинг компанија, Миодраг Костиќ, кој е еден од најуспешните луѓе во Србија. Неговото богатство е проценето на 234 милиони евра. Неговата Мк-група содржи 36 меѓусебно поврзани претпријатија.

 

4. Четвротот место, Форбс му го додели на  Емил Тедеши кој “тежи“ 145,5 милини евра. Тедеши е сопственик на Атлантик Груп која е хрватска мулинацинална компанија и ги застапува брендовите Росал, Кокта, Аргета, Смоки и др. 

5. Следен на листата на американскиот магазин е најбогатиот Македонец Минчо Јорданов со богатство од 35 милиони евра. Најважен извор на неговите приходи е фирмата Макстил, а во сопственост на Јорданов е и клиниката „Ремедика“, ракометниот клуб „Металург“ и винаријата „Стоби“. Во градежната фирма Бетон поседува 2.4 милини евра.

 

18.09.2013 - 10:50
Фото: 
економски.мк

најчитано сега