Доктори бараат крв од девици

Универзитетска болница за истражување на рак во Кина, ја разгневи јавноста откако преку оглас побара крв од девици на возраст од 18 до 24 години, за да им помогнат во истражување на ХПВ вирусот.

- Нашата постапка е во согласност со меѓународната пракса. Крвта на девиците се користи како негативна контролна супстнца за истражувањето на ХПВ. Причина е што жените кои немале сексуални односи имаат многу мал ризик да се заразат со ХПВ, валат од болницата за својот оглас.

Инаку, јавноста во Кина веднаш бурно реагираше на огласот за девиците.

18.09.2013 - 09:22
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега