Флоријан не се смирува ни вечерва: Невреме во Македонија - овие места најкритични
Ова попладне интензивен развој на нестабилност има локално во западните планински предели како и во источните предели од државава, пренесува метеорологот Славчо Попоски.
Една линија на нестабилна облачност од соседно Косово премина преку Скопската котлина и истата се движеже кон југ односно зафати делови од Пелагонија и услови пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а исто така и ретка појава на град
Редок град е регистриран локално и на исток и југоисток од државава.
До самиот крај од денов и натаму ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално повторно е можна појава на град и електрични празнења.
Слични временски прилики ќе имаме и во текот на следните денови што значи циклонот Флоријан нема да нѐ напушти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа