Османи: Целосно сме посветени на имплементација на преземените обврски

 

 

Активностите кои претстојат во насока на подготовка на државата за почеток на пристапните преговори, новите моменти поврзани со претстојниот референдум во однос Договорот со Грција и поддршката од страна на Кралството Холандија за нашите европски интеграции биле теми на разговор на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Осман со холандскиот амбасадор Ваутер Пломп.

- Работиме интензивно на подготовките на тимот и структурата за почеток на преговорите, притоа, задржувајќи го фокусот на Владата кон реформите со кои во наредниот период ќе испорачаме конкретни и видливи резултати во делот на судството, безбедносните служби и јавната администрација, но и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, како и во сите останати клучни области, подвлече Османи.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи нагласи дека имаме јасни европски и евроатлантски перспективи, и како Влада сме целосно посветени на имплементација на преземените обврски, со цел заокружување на процесот на европски и евроатлантски интеграции, посочувајќи притоа дека на тој пат очекува да продолжи искрената поддршка од страна на Кралството Холандија. 

 

 

 

30.07.2018 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега