Лидер на политичка партија близок соработник на главниот „Шпион“
Лидер на политчка партија од опозицијата бил во честа комуникација со првоосомничениот во акцијата „Шпион“, дознава Press24. Според нашите информации, првоосомничениот Марјан Ефремов имал чести контакти со еден политичар кој и денеска и активен, Покрај него, Ефремов контактирал и со еден поранешен министер. Се уште нема информации за какви средби станува збор.
МВР денеска објави дека Ефремов откако добил отказ во Агенијата за разузнавање, формирал паралелна разузнавачка мрежа која прибирала класифицирани информации. Добиените податоци им се продавале на странските тајни служби. МВР не сакаше да откире за кои служби станува збор, но извори на Press24 брифираат дека меѓу нив се наоѓа и грчката тајна служба со која „шпионите“ се среќавале во монденско одморалиште на Халкидики.