Браќата Тавитјан: Драгоевиќ ни беше пример за како е да си вистинска ѕвезда, а толку фер и скромен

На социјалните мрежи секој ја остава својата последна порака за легендарниот музичар Оливер Драгоевиќ, кој утрово околу 5 часот ја загуби едногодишната битка со ракот.

-Почивај во мир драг пријателе со прекрасна душа, отменост, скромност и срдечност а со големина и човечност колку планина. Чест беше да се настапува заедно со тебе и да се соработува. Балкански доајен, фер човек и најголема легенда. Пријателство со нашето семејство повеќе од 4 децении. Ни беше пример за како е да си вистинска ѕвезда а толку фер и скромен. Таа чесна школа е се поретка. Благодарни сме што оставивме заедничка трага во музиката – му порача на маестрото, Гаро Тавитјан.

 

 

 

 

29.07.2018 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега