„Вакво ѓубре живее покрај нас“ - Никола Којо се збогува со Оливер Драгојевиќ

Пејачот Оливер Драгојевиќ почина денеска после долга и тешка борба со боолеста, на 71-гдишна возраст, а зад себе остави неутешно семејство и колеги.

Јавните личности продолжуваат со тажните зборови за збогум од овој хрватски музички великан.

Меѓу ни е и популарниот актер Никола Којо кој не можел, а да не сподели јавно пораки кои во вакви моменти се неприфатливи.

Поединци на социјалните мрежи по смртта на Драгојевиќ напишале:

„Дали тоа значи дека дефинитивно нема да одржи концерт во Белград“, а имало и такви кои морбидно потврдувале

„Хахахах ќе одржи, еден ден“.

„Вакво ѓубре живее покај нас“ напишал Никола Којо на Твитер алудирајќи на коментарите упатени кон починатиот пејач.

„Збогум прекрасен Оливер, која и да си вера и нација“, напишал актерот.

 

 

 

29.07.2018 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега