Кит долг 16 метри се насука и почина на брегот во Холандија
Во близина на селото Гравензанде крај холандскиот град Хаг се насукал див кит и починал на морскиот брег.
Припадници на холандската Кралска управа за потрага и спасување (КНРМ) ги исекле остатоците на угинатиот кит на парчиња и ги пренеле на испитување во музејот Натуралис, каде се очекува да биде изложен и скелетот на овој морски цицач.
Китот долг 16,5 метри на брегот се насукал во неделата, а починал вчера.
Жителите од селото и околините места покажаа голем интерес за китот, но полицијата од безбедносни причини не ми дозволуваше да се дојдат на брегот и да го сликаат несреќното животно.
Интересно е тоа што,ова е осми кит што во последните шест години се насукува на брегот кај селото Гравензанде.
17.09.2013 - 16:33